Дома Фудбал Италија Ди Франческо откри детали од инцидентот со Даглас Коста!

Ди Франческо откри детали од инцидентот со Даглас Коста!

Фудбалерот на Сасуоло, Федерико Ди Франческо даде коментар за инцидентот кој се случи минатиот викенд, кога Даглас Коста го плукна во лице.

Даглас Коста заработи суспензија од 4 меча, но тој инцидент крена голема прашина па се шпекулираше дека Ди Франческо расистички го испровоцирал Коста.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ди Франческо потврди дека употребил вулгарни зборови, но категорично демантираше дека го навредил на расна основа.

„Добив сериозни напади на социјалните мрежи. Многу сум разочаран за тоа, но сега се обидувам да ја оставам оваа епизода зад мене. Им благодарам на моите најблиски и тренерот Де Зерби кои ми укажаа поддршка“, истакна Ди Франческо.

„Не сакам да зборувам за зборовите кои ги употребив. Нормално е дека имаше вулгарни зборови. Можеби сум го опцул, но сум подготвен да умрам уште денес, ако сум го навредил на расистичка основа. Никогаш не сум го сторил тоа во мојот живот. Жал ми е што во медиумите се пијавија слични измислици“, додаде фудбалерот на Сасуоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…