Дома Фудбал Лига на шампиони Ди Франческо: Им ја олеснивме работата, ќе видите друга Рома во реваншот

Ди Франческо: Им ја олеснивме работата, ќе видите друга Рома во реваншот

Рома на Енфилд загуби со 5:2, a Ди Франческо рече дека неговите играчи дополнително им ја олесниле работата на Ливерпул затоа што многу грешеле во додавањата.

„Не можеме да зборуваме за натпреварот против Барселона ако стално губиме дуели и имаме грешки во додавањата. Бевме лесни за читање, се знаеше кој пас ќе го одиграме и јасно е дека во таквите ситуации губиме глави“ – започна Ди Франческо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не мислам дека тој систем со тројца во одбраната не функционираше. Бевме добри во првите 20 минути, значи не е тоа проблемот. Проблем е што тие ја искористија секоја прилика на наша грешка од средниот ред. Ја изгубивме секоја ситуација еден на еден. Имаме и реванш и сеуште имаме шанси. Ако не верувате во чуда тогаш не треба ни да играте вакви натпревари. “

„Пред натпреварот против Барселона реков дека верувам во нашите шанси и сега истото ќе го кажам. Тимот вечерва потполно ја изгуби самодовербата. Ќе видиме потполно друга Рома во реваншот. Ако изгубите многу дуели на теренот тогаш очигледно е дека ќе го изгубите натпреварот. Ако противникот ја има топката и сака да одигра пас, не можете само да стоите и чекате тоа да се случи, посебно ако е логично што ќе одигра. Им ја олеснивме работата.“ – заврши Ди Франческо.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Пресврт: Тухел останува во Баерн и става потпис на нов договор

Раоводството на Баерн Минхен пред два месеци донесе одлука да се раздели со Томас Тухел на…