Дома Фудбал Останато Ди Марцио тврди: Сега Србин е прв кандидат за наследник на Конте!

Ди Марцио тврди: Сега Србин е прв кандидат за наследник на Конте!

Српскиот тренер, Славиша Јокановиќ привлече огромно внимание откако успеа со Фулам да се избори за пласман во Преиер лигата, а според медиумите на Островот во овој момент е главен кандидат да го наследи веќе отпишаниот Антонио Конте во Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио кој е добро упатен со случувањата на трансфер пазарот во Европа, тврди дека српскиот менаџер веќе ја одржал првата рунда преговори со претставници на Челзи.

Во овој момент тешко е да се предвиди каков епилог ќе имаат преговорите, но едно е јасно: Јокановиќ после пропаѓањето на преговорите помеѓу Сари и Челзи е прв кандидат за наследник на Конте, на кого никој не му дава ниту најмали шанси да остане во Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трагедија во Франција: Фудбалер скокнал во вода и се удавил!

Од Франција пристигна трагична вест. Младиот фудбалер на Гингамп, Кензо Кис, е во состојба…