Неколку дена наназад се тврди дека македонскиот напаѓач, Илија Несторовски ќе потпише договор со тимот на Тернана дури се огласи и претседателот на овој клуб кој јавно истакна дека сакаат да го доведат Нестор.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сепак, сега познатиот Џанлука Ди Марцио тврди дека има пресврт во ситуацијата со прилепчанецот. Наводно, Козенца која исто така се натпреварува во Серија Б сега е прв фаворит да го доведе.
Наводно Несторовски и Козенца се многу блиску до официјализирање на соработката, а Несторовски ќе добие фиксна плата од 200.000 евра со можни бонуси во зависност од резултатите на клубот.
Претходно Несторовски се поврзуваше и со неговиот поранешен клуб Палермо, но таа опција брзо отпадна.