Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез оваа сезона игра во одлична форма во дресот на Интер.
Лаутаро за Интер во досегашнот дел од сезоната настапи на 28 натпревари и постигна 16 голови во сите натпреварувања. Аргентинецот со Интер има договор до летото 2023 година, но се повеќе се шпекулира дека ќе ја напушти „Џузепе Меаца“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овој 22 годишен напаѓач се наоѓа на мета на неколку клубови, но Барселона покажа најголем интерес да го доведе. Каталонците бараат замена за Луис Суарез кој е во залезот на кариерата. Наводно идеална замена за Суарез гледаат во Лаутаро.
Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио објави дека добил проверени информации дека Интер и Барселона започнале преговори за трансфер на Лаутаро.
Во Интер се спремни да го пуштат Лаутаро ако добијат адекватна понуда. Барселона е спремна да плати околу 100 милиони евра за работата брзо да се заврши. Во текот на вчерашниот ден се појави и вест дека ако Лаутаро замине, на негово место во Интер ќе се обиде да го доведе Пјер Емерик Обамејанг.