Дома Фудбал Ди Марцио: Барса и Интер одржаа состанок, се разговараше за четири играчи

Ди Марцио: Барса и Интер одржаа состанок, се разговараше за четири играчи

Како што се приближува преодниот рок, се повеќе информации за можни трансфери.

Така, познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио пишува дека Барса и Интер одржале состанок на кој се разговарало за неколку играчи.

Лаутаро Мартинез е на мета на Каталонците, но и Милан Шкринијар. Сепак, се наведува дека Интер нема намера да се откаже од двоецот во јануари, но Барселона тоа сака да го промени.

Каталонците се спремни да го пуштат Иван Ракитиќ, но Антонио Конте не го сака во својот тим поради неговите години.

Хрватот оваа сезона не е во плановите на Валверде и Барселона сака што побрзо да ја реши оваа ситуација.

Исто така, еден од играчите кои во овие комбинации можат да завршат во Интер е Артуро Видал.

Двата клуба ќе ги продолжат преговорите, но Барса поголеми шанси да го донесе Мартинез ќе има во јуни бидејќи Интер тогаш ќе има шанса да бира помеѓу повеќе играчи на каталонскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар пропушти три можности, Силекс остана без гол поради офсајд

Силекс и Вардар заминаа на пауза без голови во Кратово, иако двете екипи имаа ситуации за …