Аргентинскиот фудбалер после два месеци влегол во расправија со тренерот Луис Ван Гал со што си ја затворил вратата во тимот.
За Анхел Ди Марија секое сеќавање на Манчестер Јунајтед е кошмар. Поради тоа полуде и во натпреварот во Лигата на шампионите при прославата на голот на ПСЖ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Можеби се ќе било поинаку доколку Ди Марија не пристигнеше во Јунајтед во времето на Луис Ван Гал. Аргентинецот го замрзе Манчестер, Англија и Премиер лигата и најмногу сака да не мора и како гостин да се враќа во градот во кој некогаш живееше.
Ди Марија после два месеци поминати во клубот стана „персона нон грата“ и Ван Гал не можеше да дочека тој да замине.
„Се беше супер на почетокот во Манчестер, во првите два месеци. После една расправија повеќе ништо не беше исто. До таквата ситуација дојде затоа што Ван Гал упорно после секој натпревар ми ги покажуваше негативните работи, дури и кога ќе одиграв добар натпревар. Секогаш беше негативен“, ја отвори душата Ди Марија за англиските медиуми.
Еден ден се случило нешто кое ја прелило чашата.
„Ми здосади. Му кажав дека повеќе не сакам тоа да го гледам. Го прашав зошто секогаш ме критикува, зошто е толку негативен. Додадов дека според мене одиграв сосема добар натпревар. Тука беше крајот“, откри Аргентинецот.
Тогаш во летниот преоден рок Ди Марија направи трансфер во Пари Сен Жермен за сума од 44 милиони фунти и во Париз започна да се враќа во препознатливата форма.