Дома Фудбал Ди Марија: Се мачиме во Лигата на шампионите

Ди Марија: Се мачиме во Лигата на шампионите

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Анхел Ди Марија не е задоволен од тоа како неговиот тим игра во Лигата на шампионите и смета дека се мачат.

Ди Марија тврди дека на „светците“ не им лесно во група со Ливерпул, Наполи и Црвена Звезда.

„Се мачиме во Лигата на шампионите, но не сме единствени. Ждребот не смести во група со два големи тима како што се Ливерпул и Наполи. Овие два клуба играат одлично на домашен терен“, истакна Ди Марија.

Сепак, верува дека ПСЖ ќе ја помине групната фаза.

„И понатаму имаме три важни натпревари кои ќе одлучат. Имаме добар тим, одличен тренер и доколку играме 100% и како тим, ќе се пласираме во осминафиналето“, процени Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…