Како и што се најавуваше, Јувентус потврди дека Анхел Ди Марија повеќе не е играч на клубот од Торино.
Ди Марија во Јувентус пристигна минатото лето и може да се каже дека не разочара, во изминатата турбулентна сезона за „старата дама“ беше еден од најдобрите фудбалери. Но, сепак двете страни не успеаа да се договорат.
Grazie Fideo 🫶🏻
— JuventusFC (@juventusfc) June 22, 2023
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јувентус го напушта со 40 одиграни натпревари и осум постигнати гола. Посебно добар Ди Марија беше во Лигата на Европа каде што постигна хет-трик против Нант и го постигна победничкиот гол со германски Фрајбург, кој беше и негов последен во црно-белиот дрес.
Според најавите, нов клбу на Ди Марија ќе биде португалска Бенфика која ќе го добие без оштета.