Aнхел Ди Марија во француските медиуми зборуваше за Лионел Меси на кој сезонава не игра според очекувањата во ПСЖ, но има проблеми и со повредите.
Според Ди Марија кој е во клубот од 2015 неговиот сонардоник сега е среќен после периодот на прилагодување во новата средина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тој е најдобриот играч во светот и секогаш мора да биде на теренот. Не му е лесно, целиот живот го помина во Барселона. Нова куќа, нов училиште за неговите деца…Сигурно не е туку-така. За некој кој често менува клубови можеби не е проблем, но Меси не е од тие играчи“.
„Во фудбалот немате многу време, критиките брзо доаѓаат. Најважно е ние да бидеме заедно, тимот да се чувствува добро, работие ќе одат на подобро. Зад Меси е важна година во кариерата, мило ми е што конечно ја освои Копа Америка“, изјави Ди Марија.
Меси во ПСЖ на 10 натпревари постигна четири гола, во Лига 1 има само еден на шест настапи.