Дома Топ вести Ди Марија на лето се сели во Серија А

Ди Марија на лето се сели во Серија А

Анхел ди Марија влезе во последната година од договорот со ПСЖ и на лето би можел да си замине како слободен агент.

Италијанските медиуми тврдат дека нема најава за продолжување на соработката со „светците“ и дека големи се шансите од следната сезона да се пресели во Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговиот агент веќе започнал преговори со Јувентус, па „старата дама“ сериозно размислува да донесе уште една ѕвезда без обештетување.

Иако Аргентинецот веќе има 32 години, сепак во Јувентус веруваат дека може да одигра уште две сезони на високо ниво.

„Бјанконерите“ му понудиле двегодишен договор на Ди Марија, но ќе треба да ја победат конкуренцијата бидејќи за неговиот потпис интерес покажуваат и други клубови ширум Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…