Аргентинецот од редовите на Пари Сен Жермен, Анхел Ди Марија не е сигурен дали и наредната сезона ќе биде дел од овој клуб.
На „Паркот на Принцовите“ се очекува бурно лето, се најавуваат големи промени во играчкиот кадар. Да потсетиме, стратегот Унаи Емери веќе потврди дека го напушта клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се е можно. Јас сум среќен тука, но ситуацијата е таква што клубот мора да доведува нови играчи, па некој ќе мора да биде продаден. Не зависи од мене дали ќе останам, клубот ќе одлучи“, изјави Ди Марија.
ПСЖ од наредната сезона ќе биде предводен од Томас Тухел. Медиумите веќе започнаа да шпекулираат, но преодниот рок не е започнат па во овие моменти тоа се само гласини.