Анхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.
Ди Марија сезонава во Серија А запиша 26 настапи и четири голови, но не успеа да освои ниту еден трофеј.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Завршивме еден тежок и компликуван период. Си заминувам со знаење дека го дадов максимум за овој клуб да продолжи да освојува титула, но тоа не беше возможно. Си заминувам со горчлив вкус во устата со неуспехот, но и со радост што добив многу пријатели во соблекувалната и на трибините. Им благодарам на соиграчите за љубовта која ја покажаа од првиот ден и го поздравувам сите Јувентини“, изјави Ди Марија.