Дома Фудбал Италија Ди Марија е повреден, Јувентус потврди колку ќе паузира

Ди Марија е повреден, Јувентус потврди колку ќе паузира

Јувентус во вчерашниот прв натпревар во Серија А на свој терен го победи Сасуоло со 3:0.

„Старата дама“ на одличен начин ја отвори новата сезона, а блесна Анхел Ди Марија кој ова лето пристигна од ПСЖ во Торино како слободен играч. Ди Марија на теренот беше од првата минута и во 26. минута постигна гол за 1:0.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Освен тоа Аргентинецот запиша и асистенција во второто полувреме кога Влаховиќ ги постави конечните 3:0. Меѓутоа во 66. минута Ди Марија побара измена затоа што се пожали на повреда.

Утрово во просториите на Јувентус на Ди Марија му беа направени детални прегледи. Навивачите стравуваа дека се работи за посериозна повреда, меѓутоа Аргентинецот ќе паузира само десетина дена, потврдија од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …