Aнхел Ди Марија оваа сезона игра одлично во редовите на ПСЖ, но сепак не успева да излезе од сенката на Нејмар, Кавани и Мбапе.
Ди Марија за медиумите во Франција сега потврди дека се можело да биде поинаку, доколку во летниот преоден рок преминал во Барселона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Бев блиску до трансфер во Барселона. Но за жал постоеа некои работи кои овој трансфер го направија невозможен“, открива Ди Марија кој потоа зборуваше за репрезентацијата.
Иако не е стандарден во клубот поранешниот фудбалер на Реал Мадрид е сигурен патник на Светското првенство идното лето.
„Веќе игравме три финалиња, но загубивме бидејќи среќата не беше на наша страна, а не затоа што не бевме храбри“, зборуваше Ди Марија.
За крај тој ги спореди неговиот сонародник Лионел Меси и Кристиано Роналдо.
„Кристиано е одличен фудбалер, но негов проблем е што игра во ерата на Меси. Лео е невозможно да го опишете со зборови. Секогаш пронаоѓа начин да ве изненади“, заврши Аргентинецот.