Серхио Агуеро по 10 години го напушти Манчестер сити, а како нов клуб го избра тимот на Барселона.
Агуеро беше убеден дека тоа ќе му овозможи да игра со сонародникот и голем пријател Лионел Меси на клупско ниво, меѓутоа работите се променија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меси како слободен играч замина во ПСЖ, а Агуеро се повреди, па следните два ипол месеци ќе биде надвор од терените.
За Агуеро зборуваше и неговиот пријател и репрезентативец Анхел Ди Марија, кој во иднина ќе ја дели соблекувалната со Меси.
„Кун сае многу разочаран. Најлоша работа која му се случи е повредата. Напорно работеше за да биде подготвен, но потоа му се случи спортивното. Се надевам дека ќе се врати“, вели Ди Марија.