Кристијан Дисингер јавно проговори за тешката ситуација во Вардар и најави заминување од македонскиот шампион.
Дисингер најверојатно ја игра последната сезона во Вардар, тој потврдува дека клубот им должи пари и вели дека само чудо ќе го задржи во клубот и следната сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во овој момент се е комплицирано за нас. Голем дел од тимот немаат земено плата шест месеци. Земаме само мал дел од тоа. Овде може да се живее и со 300 евра месечно, но тоа е стресна и непотребна ситуација за нас. За да останам овде уште една година треба да се случи чудо“, изјави Дисингер.
Дисингер на крајот на сезоната ќе биде слободен играч бидејќи му завршува договорот со „црвено-црните“. Тој не е прв ракометар кој јавно зборува за тешката ситуација во Вардар.