Дома Фудбал Италија Директорот на Јувентус ги предупреди Дибала и Де Лихт

Директорот на Јувентус ги предупреди Дибала и Де Лихт

На Јувентус во последниот период не му оди баш најдобро, а дел од навивачите проблемот го гледаат во лошото работење на „бјанконерите“ со различни агенти меѓу кои е и Мино Раиола.

Сега за влијанието на Раиола зборуваше извршниот директор на Јувентус, Маурисио Аривабене кој без „влакна на јазикот“ испрати предупредување до Дибала и Де Лихт.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Навикнав да бидам едноставен соговорник. Денес многу играчи повеќе се верни на својот агент, отколку на дресот на клубот кој го носат. Дибала е „десетка“ на Јувентус, а Де Лихт е одличен дефанзивец. Тие мораат да ја работат својата работа, ние ја работиме нашата, но односот е добар. Лесно е да се зборува за тоа колку ви е важен клубот, за тоа не се зборува, тоа се докажува на теренот. Сакаме сите тоа да го докажат“.

„Дибала имаше проблеми со повредите во последно време, меѓутоа кога играше беше добар. Тој е важен играч за Јувентус. Настапите на Де Лихт сите можат да ги видат. Имаме добар однос, кога ќе дојде време ќе разговараме со нив, како и со другите играчи. Не правиме разлика“, изјави Аривабене.

На оваа изјава многумина гледаат како предупредување на екипата од Торино до фудбалерите откако Де Лихт преку Раиола пред неколку дена порача дека сака нов предизвик во кариерата и место каде што ќе се бори за трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…