Норвешниот напаѓач Ерлинг Халанд нема долго да се задржи во Бундеслигата каде го носи дресот на Борусија Дортмунд, потврди директорот на Салцбург.
Кристоф Фреунд, кој го донесе Халанд во Салцбург, е свесен дека Норвежанецот наскоро ќе направи нов голем трансфер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Со таков менталитет и самодоверба, Халанд може да игра во било кој клуб во светот. Дефинитивно ќе го одбележи европскиот фудбал во годините пред нас“, изјави Фреунд.
Халанд е голема желба на Реал Мадрид и се поврзува со трансфер на „Сантиаго Бернабеу“, меѓутоа Фреунд тврди дека голгетерот ќе облече дрес на друг гигант.
„Мислам дека ќе оди во Ливерпул. Всушност, сигурен сум во тоа“.
Haaland x Liverpool FC:
— Watch LFC (@Watch_LFC) November 2, 2020
✨Written in the Stars ✨ pic.twitter.com/GQRQyDDGLN