Дома Фудбал Англија Директорот на Борусија пресече: Санчо следната сезона ќе игра за нас, крај на приказната

Директорот на Борусија пресече: Санчо следната сезона ќе игра за нас, крај на приказната

Иако се чинеше дека Џејдон Санчо дефинитивно ќе се пресели во Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд одлучи да го задржи и следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англискиот крилен репрезентативец беше на чекор до Олд Трафорд. Претходно се договори со Јунајтед, дури и Борусија го прифати обештетувањето од страна на англискиот клуб, но на крајот се пропадна.

Борусија на крајот го повика играчот за припремите во Швајцарија, а претходно истакна дека 10. август е последниот ден кога има можност за трансфер.

Санчо не е најсреќниот поради одлуката, но се однесува професионално, го почитува она што клубот го одлучил и ќе ги продолжи припремите за следната сезона со Милионерите. Тоа го потврди и директорот на Дортмунд, Цорк.

„Планираме иднина со Санчо. Ќе игра за нас следната сезона. Одлуката е конечна и мислам дека тоа е одговорот на сите прашања.“ – порача Цорк пред новинарите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…