Дома Фудбал Директорите на Барса пристигнаа во Катар на средба со Чави

Директорите на Барса пристигнаа во Катар на средба со Чави

Барселона синоќа беше поразена во полуфиналето на Суперкупот, по спектакуларниот пресврт на Атлетико Мадрид.

Овој пораз ја наруши атмосферата во Барселона, а медиумите тврдат дека Валверде ја загубил довербата од раководството и веќе во понеделник ќе биде бивши.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Каталонските медиуми денес пренесуваат дека генералниот директор на Барса, Оскар Грау и спортскиот директор Ерик Абидал отпатувале во Катар на средба со легендара на клубот, Чави Ернандес.

Раководните луѓе имале разговор со легендата и ја испитувале можноста за негово враќање во Барса како главен тренер во блиска иднина.

Чави е тренер на катарски Ал Сад и уште во првата сезона го иосвои Суперкупот, а не крие дека еден ден сака да ја води Барселона.

Прв избор на претседателот Бартомеу е холандскиот стратег Роналд Куман, но проблем е што Холанѓанецот може да дојде на Камп Ноу дури на лето по завршувањето на Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…