Заедно со селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција присуствувше и првиот голман на македонската репрезентација Столе Димитриевски.
Македонскиот голман истакна дека верува во дефанзивниот квалитет на Македонија и не го плашат петте гола на Бугарија во претходниот натпревар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се спремам и за овој како и за другите натпревари, секогаш сакам да имам „чиста мрежа“. Грузија е одлична репрезентација. Многу напредуваше од тој наш последен натпревар, постигнуваат многу голови. Но, тоа не ме плаши затоа што знам каков квалитет во дефанзива поседуваме ние и верувам дека утре со „чиста мрежа“ ние ќе бидеме тие кои ќе славиме“
Димитриевски посака и стадионот да биде што е можно повеќе исполнет.
„Пресреќен сум кога играме дома, различно е чувството кога играте во гости. Затоа би сакал да имаме максимална поддршка и заедно со нашиот квалитет на крајот да славиме победа“, изјави Димитриевски.
Натпреварот Македонија и Грузија го играат утре од 20:45 часот.