Дома Фудбал Репрезентации Димитриевски пред Израел: Тие се добри, но нашиот напад е одличен!

Димитриевски пред Израел: Тие се добри, но нашиот напад е одличен!

Репрезентацијата на Македонија утревечер го игра натпреварот на гостински терен против Израел во рамките од квалификациите за Светското првенство 2018 кое ќе се одржи во Русија.

Голманот на нашата репрезентација Столе Димитриевски кој настапува за тимот на Гранада, најавува добар натпревар, како причина за отпимизот ја истакна добрата форма на напаѓачите и одличната атмосфера пред натпреварот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Израел има квалитетна репрезентација, но ние добро ги одработивме подготвките за овој натпревар, ова е натпревар од голема важност и мораме да одиграме на високо ниво доколку сакаме да славиме. Не ми е важно дали јас ќе бидам на голот, во овој момент не размислувам за тоа важен е само резултатот, како што споменав Израел има добра репрезентација, но нашите напаѓачи се во одлична форма и се надевам дека ќе продолжат со такви настапи во репрезентативниот дрес“, заврши Димитриевски.

Македонија во натпреварот против Израел влегува како претпоследна селекција со само една победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дешам го објави списокот на Франција за ЕП 2024, во него неколку изненадувања

Дидиер Дешам изненади со списокот на играчи за ЕП. Во него има двајца големи повратници и …