Со селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција присутвуваше и голманот Столе Димтриевски.
Како што вели Димитриевски, Македонија е подготвена и добро го анализирала противникот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Со Шишковски кој играше во Ерменија разговараме за ерменските репрезентативци и подготвени сме за натпреварот. Секогаш детално анализираме без разлика кој е нашиот противник. Имаме одлична соработна со одбрамбените фудбалери на последните три меча и верувам дека и утре нема да примам гол. Сите натпревари се тешки, за сите се подготвувам на ист начин“, рече Димитриевски.
Натпреварот против Ерменија го играме во терминот од 18:30 часот.