Дома Македонски спорт Димитриевски: Ми недостига Македонија, сега требаше да се спремаме за историскиот плеј-оф

Димитриевски: Ми недостига Македонија, сега требаше да се спремаме за историскиот плеј-оф

Италија е најпогодена од коронавирусот, а зад не е Шпанија која од денес како и Италија има повеќе заболени од Кина. Македонскиот голман, Столе Димитриевски за „Марка“ откри како го поминува времето во домашната изолација.

Димитриевски во интервјуто зборуваше дека му недостига Македонија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Во овие моменти ми недостига Македонија и моето семејство. Ситуацијата не е толку лоша во Македонија, меѓутоа мораме да ги почитуваме мерките и правилата. Родителите се грижат за мене, но јас сум дома и ги следам препораките кои ги даваат властите. Сите заедно мораме да го издржиме овој период“, изјави македонскиот голман.

Тој откри и како го поминува времето во изолација.

„Читам книги, една од нив е онаа на Златан Ибрахимовиќ, а исто така гледам и филмови. Тренирам секој ден затоа што морам да останам во форма“, откри Димитриевски.

За плеј-оф натпреварот кој требаше утре да го играме против Косово.

„Сега требаше да бидам со репрезентацијата и да се спремаме за историскиот плеј-оф со Косово. Меѓутоа, тоа не е важно сега, никој во овој момент не зборува за фудбал. Најважно е да го победиме вирусот“, заврши Столе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…