Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски брани во одлична форма во дресот на Рајо Ваљекано, а од 1-ви јануари тој би можел слободно да преговара со други клубови бидејќи неговиот договор истекува во јуни 2024 година.
Димитриевски се поврзуваше со трансфер во Валенсија, Севиља и Виљареал, меѓутоа по вчерашниот натпревар во кој Рајо славеше 2:0 против Гетафе најави останување во овој клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Новинарите ги интересираше дали Рајо и Димитриевски преговараат за нов договор на што македонскиот голман одговори потврдно.
„Нов договор? Среќен сум тука, имам добра комуникација со претседателот и сите останати. Преговараме и ќе видиме што ќе се случи. Ќе се обидеме да ја донесеме најдобрата одлука за мене и за клубот“, изјави Димитриевски.