Дома Македонски спорт Мак фудбал Димитриевски: Го исполнивме сонот со пласман на ЕП, но не мислиме да застанеме тука

Димитриевски: Го исполнивме сонот со пласман на ЕП, но не мислиме да застанеме тука

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски вели дека Македонија не е дојдена на Европско првенство само за да собира искуство.

Димитривски истакна дека пласманот на ЕП е остварување на сонот, но македонските репрезентативци се свесни за својот квалитет и не мислат да застанат тука.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Сонот со пласманот на Европското првенство го исполнивме, но не мислиме да застанеме овде. Нашата цел е пласман во следната фаза, а првиот чекор за тоа е добар резултат против Австрија. Добро ги анализиравме, ова е сосема поинаков меч од нашите два претходно и се надевам дека ќе бидеме на високо ниво“, изјави Димитриевски.

„Не чувствуваме притисок, напротив. Се обидуваме да гледаме позитивно на првиот меч и тоа да ни биде дополнителна мотивација за натпреварот со Австрија, противник кој го знаеме многу добро. Австрија има исклучително квалитетен состав и веројатно очекувањата се најголеми од Алаба и Арнаутовиќ. Нашата одбрана и голманот мора да биде на високо ниво, тоа го работиме на тренинзите и се надевам дека ќе го исполниме на натпреварот“, додаде репрезентативниот голман.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Скапото засилување на Ливерпул се сели во Реал Мадрид

Реал Мадрид е заинтересиран за играчот од средниот ред на Ливерпул, Алексис Мекалистер.  Ш…