Оние репрезентативци кои се вратија во своите клубови се вистински ѕвезди, интересни се странските медиуми по нашиот пласман на Европското првенство.
Голманот Столе Димитриевски беше помеѓу оние кои селекторот Игор Ангеловски ги ослободи после мечот со Грузија. Димитриевски по враќањето во Шпанија имаше интервју за „Л’Еспортиу“ во кое зборуваше и за големиот успех на Македонија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се уште не можам да си поверувам што направивме. Вакво нешто тешко беше и да се замисли. Нашиот пласман на ЕП е резултат на голем труд и долги години работа. Во последните години отворени беа бројни академии на секаде во државата и тие придонесуваат за пронаоѓање на таленти. Селекторот изгради тим кој се чувствува како едно семејство“.
Посебно зборуваше за Горан Пандев.
„Пред мечот зборувавме дека би било идеално за сите нас да победиме и голот за победа да го постигне Горан. Тој е човек кој многу даде за македонскиот фудбал, имаше страшна кариера. Беше пред одлука да се пензионира минатата година, но сакаше да се обиде за крај да оствари и голем успех на репрезентативен план. Се ова што му се случува го заслужи“.
Македонија на ЕП ќе игра во група со Украина, Австрија и Холандија.
„Што и да се случи наредното лето ние победивме. Добро знаеме дека имаме квалитет да се надигруваме со секого. Одиме без притисок и се надеваме дека ќе им направиме проблем на конкурентите во групата“, изјави Димитриевски.