Дома Македонски спорт Димитриевски: Германците беа лути, бегаа два метри од нас по поразот

Димитриевски: Германците беа лути, бегаа два метри од нас по поразот

Победата на Македонија против Германија се уште е тема во медиумите, посебно во клубовите каде што играат Македонци.

Импресиите од магичната вечер во Дуизбург за „Марка“ ги изнесе првиот голман на нашата репрезентација Столе Димитриевски.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Чувството е неверојатно, не може да биде поинаку кога ќе победите кога ќе победите таква селекција. Кога судијата „свирна“ крај не можевме да си поверуваме што направивме. Ова е нашата најголема победа, голему успех заедно со квалификациите за ЕП. Верувам дека ние ќе бидеме „бомбата“ на Европското првенство и во овие квалификации за СП. Со деветте бода на Ерманија и нашите шест групата стана спектуларна. Германија и Романија ќе мораат добро да се испотат“, смета Димитриевски.

Го коментираше и текот на натпреварот и ситуацијата во која Македонија не доби чист пенал по играта со рака на Емре Чан.

„Израмнија од пенал, судијата им прости јасен од Емре Чан. За наша среќа дојде голот на Елмас. Беа разочарани толку многу што дури не ни честитаа. Тоа за мене не беше во ред. Со кого го сменив дресот? Такво нешто беше невозомжно, беа лути и бегаа два метри од нас“, истакна Столе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…