Дома Фудбал Димитриевски: Бернабеу е посебно место за мене, Пандев тука стана европски шампион

Димитриевски: Бернабеу е посебно место за мене, Пандев тука стана европски шампион

Утре од 18:30 часот на „Сантијаго Бернабеу“ Реал Мадрид ќе игра против Рајо Ваљекано за кој во последно време стандардно брани македонскиот голман Столе Димитриевски.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Димитриевски пред натпреварот во интервју за „Марка“ порача дека стадионот на Реал Мадрид е посебен за него поради тоа што тука Горан Пандев стана шампион на Европа.

„Бернабеу е навистина посебно место за секој фудбалер. За мене како Македонец е специјално затоа што тука мојот репрезентативен колега Горан Пандев стана европски шампион со Интер. Да се игра на овој фудбалски храм е сон на секој играч“, изјави Димитриевски кој потоа зборуваше за неговиот клуб Ваљекано.

„Рајо е клубот кој ми даде се, ми даде шанса да бранам во најдоброто првенство светот. Сите стадиони се неверојатни, но овој Мадрид е дома на 13-кратен европски шампион. За да направиме изненадување потребно е ние да го имаме најдобриот ден, а тие најлошиот“, изјави Димитриевски.

Комплетното интервју на Димитриевски за „Марка“ можете да го прочитате ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Анчелоти е подготвен да го води Бразил и на Мундијал 2030

Од Бразилската фудбалска федерација (CBF) официјално го објавија новиот договор на селекто…