Победата на Македонија во Палермо и понатаму е главна тема, како и да не биде кога од игра за пласман на Мундијал го исфрливме актуелниот Европски шампион, а сега не чека уште еден тежок испит – Португалија!
Македонските фудбалери испишуваат нова историја после пласманот на Европското првенство и победата во Диусбург со Германија, последната пречка се Кристиано Роналдо и Португалија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Неверојатен момент за цела Македонија. После победата со Германија и настапот на Европското првенство сега ја победивме и Италија…Доаѓа Португалија, а потоа ќе ни остане само Бразил и може да ни ја дадат светската титула. Ние сме мала земја, но погледнете какви пречки поминавме“.
„Многу емоции имаше уште од стартот, солзи скоро да потекоа и кога се интонираше химната. Моментот кога дојде голот не се опишува, не знае човек што да каже. Цела Македонија заслужи да се радува на ваков успех и да ужива во овие тешки времиња, народот заслужи радост. На нас останува да се подготвуваме за тоа што не чека следно“, изјави македонскиот голман.
Димитриевски беше одличен против Италијанците и заедно со Висар Муслиу се најдоа во идеалниот тим од мундијалскиот бараж.
Фото: Димитар Петковски