Дома Македонски спорт Димитриевски: Ако ја победивме Германија зошто да не можеме и Италија – Македонија има квалитет!

Димитриевски: Ако ја победивме Германија зошто да не можеме и Италија – Македонија има квалитет!

Во четврток се игра баражот помеѓу Италија и Македонија, Италијанците се фаворити, но во нашата репрезентација владее оптимизам и верба дека можеме да ги изненадиме.

Столе Димитриевски во изјавата пред овој натпревар порача дека сите веруваме затоа што оваа селекција на Македонија веќе покажа дека има квалитет.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„За нас ова е најважниот натпревар во репрезентацијата до сега, натпреварот е важен за сите нас. Се спремаме добро, со мислите во натпреварот и одиме во Италија по победа. Ние поседуваме квалитет, не е лесно да стигнеме и до тука. Се изборивме во групата да одиме во овој плеј-оф, ја победивме Германија, победивме и други квалитетни репрезентации, зошто да не ја победиме Италија. Италија е актуелен европски шампион, но најважно е ние да се спремиме и да покажеме зошто сме таму“.

„Можеби ќе има промени во составот кај Италија, но тоа е репрезентација која има квалитетни замени, ние треба да одиме таму и да бидеме максимално сконцентрираме да дадеме се од себе, само така можеме да имаме добар резултат.

Натпреварот помеѓу Италија и Македонија се игра в четврток во 20:45 часот.

ЦЕЛАТА ИЗЈАВА НА ДИМИТРИЕВСКИ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …