Дома Фудбал Останато Диего со солзи и прекрасен гест стави крај на големата кариера 🎥

Диего со солзи и прекрасен гест стави крај на големата кариера 🎥

Славниот Диего Рибас или повеќе познат само како Диего ја заврши кариерата на „Маракана“ со солзи и многу емоции.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Диего кариерата ја помина играјќи за клубови како Вердер, Волфсбург, Јувентус, Атлетико, а својот последен натпревар го одигра на 37 години во дресот на Фламенго. Диего на теренот против Аваи беше до 55. минута.

При излегувањето од теренот тој се поздрави со своите соиграчи и противниците и клекна на колено. Во тој момент следуваше еден посебен гест. Диего го соблече дртесот, а под него носеше уште еден. Едниот го задржа, а другиот му го даде на Габигол сакајќи да го предаде наследстрвото на легендарната „10-ка“ на Фламенго.

Со Фламенго Диего освои две титули во Копа Либертадорес, втората ја освои пред една недела, двапати беше шампион на Браз. Во Европа дојде од Сантос во Порто во 2004. За репрезентацијата на Бразил одигра 34 натпревари и постигна четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…