Дома Фудбал Англија Диего Коста се враќа во Премиер лигата, договорени личните услови

Диего Коста се враќа во Премиер лигата, договорени личните услови

Бразилскиот напаѓач со шпански пасош Диего Коста повторно ќе го напушти мадридски Атлетико, а кариерата би требало да ја продолжи во екипата на Волвс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесуваат англиските медиуми, 30-годишниот напаѓач ги договорил личните услови за трансфер во редовите на Волвс и наскоро би требало да биде потврдено.

Коста се поврзуваше и со Евертон. Сепак, пред понудата на тимот од Гудисон Парк наводно одлучил да ја прифати онаа на Волвс и од следната сезона повторно би го гледале во ПЛ.

Претходната сезона овој напаѓач имаше скромен учинок од пет гола и три асистенции на 21 одигран натпревар.

Во три сезони во ПЛ како напаѓач на Челси постигна 52 лигашки погодоци и освои две титули, па секако во Волвс би биле воодушевени доколку дојде напаѓач од таков калибар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…