Дома Топ вести Диего Коста: Конте ме избрка со една порака, заминувам од Челзи!

Диего Коста: Конте ме избрка со една порака, заминувам од Челзи!

konte kosta

Нема повеќе димели – Диего Коста ова лето сигурно го напушта Челзи и откри дека веќе бара нов клуб.

Имено, напаѓачот откри дека менаџерот Антонио Конте преку СМС порака го известил дека нема да смета повеќе на него наредната сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Добив порака на телефон од Конте во која ми кажа дека нема да смета на мене за следната сезона бидејќи сум бил лош оваа сезона. Тоа е срамота. На пазарот сум и барам нов клуб“, призна Коста пред новинарире.

„Доколку тренерот не смета на мене, немам друга опција освен да заминам. Мораат да ме продадат по намалена цена. Би било убаво да се вратам во Атлетико. Меѓутоа доаѓа Светското првенство и морам да размислувам за се. Морам да играм. Да не играм пет, шест месеци ќе биде комплицирано, но би сакал да се вратам во Мадрид“, додаде Коста.

Диего Коста во 2014 година пристигна во Челзи од Атлетико Мадрид, а оваа сезона беше клучниот играч во освојувањето на Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Чави објасни зошто одлучил да остане во Барселона

Oд Барселона потврдија дека Чави Ернандез ја сменил одлуката и ќе остане тренер на каталон…