Дома Фудбал Останато Диего Коста за Конте: Не би издржал ни една година во Реал Мадрид!

Диего Коста за Конте: Не би издржал ни една година во Реал Мадрид!

Познато е дека Диего Коста имаше отворен конфликт со Антонио Конте што беше причина напаѓачот да го напушти Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двајцата имаа одлична соработка една сезона и ја освоија титулата во Премиер лигата, но Коста открива дека Конте има незгоден карактер.

„Конте и јас имавме проблеми надвор од теренот, но мислам дека тој е доста добар тренер. Сепак за да биде во топ тренери, треба да го промени начинот на кој се однесува кон играчите. Тој е страшно сомничав тип. Во Реал Мадрид, на пример, не би издржал ниту една цела сезона на клупата“, истакна Диего Коста.

31-годишниот напаѓач откри и зошто избрал да настапува за шпанската репрезентација иако е роден Бразилец.

„По пријателскиот меч со Русија, селекторот Сколари ми рече дека повторно ќе ме повика, затоа што не играв многу. Дојде и следниот меч, имаше многу повредени напаѓачо, но јас не добив повик.  Потоа се појави можност да заиграм за Шпанија и прифатив. Како би можел да го одбијам тој повик“, раскажува Коста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ј…