Дома Фудбал Останато „Диего Коста е одвратен мал стаорец, сличен на него е Суарез“

„Диего Коста е одвратен мал стаорец, сличен на него е Суарез“

Диего Коста дефинитивно е еден од најпргавите играчи во светот на фудбалот и поради тоа не чуди што противниците не го сакаат.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Поминаа четири години откако замина од Премиер лигата, но се уште го паметат во Англија каде што собра 120 настапи.

Бен Фостер, голманот на Вотфорд зборуваше за Коста кого го опиша како „одвратен мал стаорец“.

„Диего Коста е одвратен мал стаорец. Само мисли како да ве нервира. Не ве остава на мир, не можете да дишете ниту секунда. Сличен на него е Суарез. Тешко е да се игра против такви играчи, секогаш се спремни да ви направат нешто за да ве испровоцираат“, изјави Фостер.

Коста неколку пати во минатото признаваше дека неговиот стил на игра е таков што не бира средства за да му помогне на својот тим да дојде до победата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ова не се одбива: Павловиќ заминува во Премиер лигата

Сѐ е поизвесно дека Страхиња Павловиќ ќе ја замени Серија А со Премиер лигата. Српскиот ре…