Дома Фудбал Репрезентации Диего Коста ги “нападна“ Аргентинците: Денеска видовте што сте без Меси

Диего Коста ги “нападна“ Аргентинците: Денеска видовте што сте без Меси

Катастрофата на Аргентина во пријателскиот натпревар против Шпанија (6:1) е главна тема во медиумите на тие земји.

Никој не може да поверува дека Гаучосите се буквално понижени во Мадрид, а се огласи и напаѓачот на Црвената фурија, Диего Коста.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Тој ги “нападна“ Аргентинците поради критиките на Лео Меси од минатото. Звездата на Барселона синоќа не настапи поради повреда, а Коста имаше што да каже за аргентинските медиуми.

„Во Аргентина сакаат да го критикуваат Меси и тоа ги преминува сите граници. Денеска видеа што се без Меси. Аргентинците мора да го чуваат и да му бидат благодарни. Каде би биле ако го немаат него?“ – изјави Коста после натпреварот.

До почетокот на Светското првенство останува уште нешто повеќе од два месеци и сигурно дека селекторот на Гаучосите Сампаоли ќе биде под жесток притисок.

Таквата игра на Аргентина нема да донесе апсолутно ништо ново, а Сампаоли полека станува државен непријател број еден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …