Големото дерби помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид вчера беше обележано со срамниот потег на Диего Коста кој поради грди пцовки кон главниот судија заработи црвен картон.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барселона го победи Атлетико со 2:0 и така скоро и да ја обезбеди титулата во Шпанија. Мадритскиот тим поголем дел од натпреварот играше со играч помалку откако беше исклучен Диего Коста.
Тоа се случи во 28-та минута кога Коста беше бесен на главниот судија Гил Манзано бидејќи не досудил прекршок, а потоа испрати пцовки поради кои порано го заврши натпреварот.
На напаѓачот на Атлетико очигледно му се „споија жичките“, па не размислуваше што зборува.
Судијата немаше милост и заслужено го испрати во соблекувалната. Потоа настана хаос бидејќи останатите фудбалери бараа објаснување зошто Коста е исклучен, а Манзано немаше проблем да каже како Коста му се обратил.
Диего Симеоне после натпреварот дознал што се случувало и призна дека неговиот играч направил голема глупост и дека заслужил да биде исклучен.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Коста во соблекувалната сфатил што направил, но веќе било доцна да се кае. Наводно, дури и заплакал бидејќи и на него му е јасно дека ќе добие жестока казна поради дивеењето на теренот.
Мадритски „АС“ утрово објави дека Коста може да добие и осум натпревари суспензија, а тоа би значело дека за него сезоната во Ла Лига е завршена, а ако остане во Шпанија би го пропуштил и првото коло од наредната сезона.
Diego Costa getting a red card after insulting the referee’s mother. Some dogs never learn how to sit as they say. pic.twitter.com/U61G7Bzg79
— De ara Torres (@dearatorres) April 6, 2019