Дома Фудбал Диего Коста брои „ситно“ – Познато кога ќе дебитира најголемото засилување на Атлетико!

Диего Коста брои „ситно“ – Познато кога ќе дебитира најголемото засилување на Атлетико!

На пролет никој не смее да го отпише Атлетико Мадрид.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Диего Коста брои „ситно“, наскоро ќе биде спремен за ново деби во црвено-белиот дрес.

Откако беа објавени термините за одигрување на првите натпревари од осмина финалето во шпанскиот куп, навивачите на Атлетико не можат да дочекаат само едно – Диего Коста повторно да заигра во дресот на „јорганџиите“.

Имено, првиот натпревар во новата година Атлетико ќе го одигра против Лиеда во шпанскиот куп на трети јануари, а Диего Симеоне е спремен во тој натпревар да им даде шанса на Коста и Витоло.

За разлика од Витоло кој есента ја поминува во Лас Палмас, Диего Коста веќе 77 дена само тренира со својот поранешен и сегашен клуб, па без сомневање тој ќе биде одлично засилување за Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сонот на Нејмар живее: Се најде на поширокиот список на Анчелоти!

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар ќе се најде на прелиминарната листа на бразилската реп…