Легендарниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска, Дидиер Дрогба го покажа своето големо срце во борбата против коронавирусот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во родното место Абиџиана Дрогба активно се вклучи во борбата и ја понуди болницата која расте под негово покровителство. Болницата не е во целост завршена, но во ваква ситуација сигурно може да помогне.
„На државата е да ја направи функционална“, изјави директоркатан фондацијата на Дрогба, Мариам Брека.
Во Брегот на Слоновата Коска до овој момент починаа пет лица од коронавирусот, а 574 се заразени.
Властите во таа земја испратија голема благодарност до Дрогба за овој негов хуман потег.