Поранешниот македонски голман Петар Ангелов – Диви неодамна се врати во македонскиот ракомет и ќе го носи дресот на Тинекс Пролет.
Ангелов сега имаше интервју за официјалниот сајт на Тинекс Пролет во кое зборуваше и за ситуацијата со тренерите. Тој смета дека кога Лино Червар можел да добие слбода и време да гради тим, тоа треба да го добијат и македонските тренери.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Она што го гледам е дека постојат бројни школи кои вадат многу ракометари секоја година, нешто што го немаше во мое време. Toa e добро бидејќи полесно се создава база на млади играчи од која потоа се избираат најквалитетните. Ме радува и што голем број македонски тренери зедоа мастер-дипломи, што значи дека ги следат современите текови на струката. Она што мислам дека треба да се случува е газдите на клубовите да покажуваат поголема доверба во македонските стратези. Кога можеше на Лино Червар да му бидат дадени време и слобода во работата десетина години, тоа треба да биде случај и со домашни тренери, кои ќе покажат квалитет и амбициозност“
За настапот на репрезентацијата на Македонија на ЕП.
„Резултатски не минавме онака како што посакувавме. Дојде процесот на подмладување, а од она што го видов од помладите, сметам дека не станува збор толку за слаб квалитет, колку за недостиг на победнички карактер, нешто што порано ја красеше репрезентацијата додека јас настапував, заедно со Мојсовски, Миркуловски… Селекторот Брестовац сигурно ги воочи проблемите и ќе настојува да ги отстрани што поскоро, верувам дека федерацијата има доверба во него и очекувам да се продолжи со работа и напредок, за и во иднина Македонија да го задржи континуитетот од настапи на големите натпреварувања“.
Комплетното интервју можете да го прочитате – тука.