Дома Македонски спорт Дибиров: Тешко ми е да гледам што се случува, жал ми е за луѓето кои доаѓаат за нас (ВИДЕО)

Дибиров: Тешко ми е да гледам што се случува, жал ми е за луѓето кои доаѓаат за нас (ВИДЕО)

После Скубе пред неколку дена на ред на серијалот „Остани дома“ на „Балкан Хендбол“ во кој прават интервјуа со ракометарите низ Европа на ред дојде Тимур Дибиров.

Во интервјуто Дибиров зборуваше и за потврденото заминување на Скубе. Русинот знае дека Скубе чекал до последен момент да види како ќе се одвиваат работите во Вардар, меѓутоа пот притисок од семејството морал да пронајде нова средина.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Дојде време за некоја трансформација на Вардар. Сите што останавме до крај веруваме дека може да се случи тимот да биде квалитетен како порано. Се е можно, па и Вардар пак да биде силен, иако сме свесни дека е тешко. За успех не треба да имаш само добри ракометари, туку треба да има и хемија помеѓу нив и тоа е најтешкото во создавањето шампионски тим. Тешко ми е да гледам што се случува, жал ми е за луѓето кои доаѓаат во сала. Тие прво доаѓаат сами, па со сопругите и девојките, а на крајот и со децата. Доаѓаа за нас и за големите ѕвезди кои гостуваа во Скопје. Сега тешко би се вратиле во сала ако не можат да го видат тоа“, зборуваше во дел од разговорот Дибиров.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ НА ДИБИРОВ:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…