Вардар игра во топ-форма, сезонава не знае за пораз, но и тоа не ги опушта „црвено-црните“ пред дуелот со Рајн Некар Левен во Лигата на шампионите во Скопје.

На прес-конференцијата пред дуелот со бундеслигашот, збор во име на играчите даде левото крило, Тимур Дибиров.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играме против многу добра екипа и многу позната екипа. Рајн-Некар е тим којшто има квалитетен тим и квалитетна игра, со многу варијации на играта . Имаат одличен тренер, кој докажа и лани и во претходните натпревари, затоа овој натпревар за нас треба да биде како последен. Знаеме дека треба да излеземе на терен со сто отсто мотивација и сила и со поддршка од навивачите да стигнеме до уште една победа“, изјави Тимур Дибиров.

Европа не очекуваше Вардар да биде ни меѓу десетте најдобри во оваа групна фаза, а ете тој е единствениот тим кој нема пораз во групата А.

Вардар е еден од најголемите тимови во Европа, кој игра две години по ред на Ф4, а една од нив беше шампион. Не може некој да го потценува, ова е Лига на шампиони и овде не смеете никого да потценуватe, изјави Тимур Дибиров.

Дуелот Вардар – Рајн Некар Левен се игра в недела од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…