Дома Македонски спорт Мак ракомет Дибиров: Победа над Порто за потврда дека сме на добар пат

Дибиров: Победа над Порто за потврда дека сме на добар пат

Вардар утре ги продолжува настапите во Лигата на шампиони и ќе ги одмери силите со Порто.

После двете одложени средби, „црвено-црните“ одлично го започнаа турнирот со победа над Флензбург.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Левото крило Тимур Дибиров истакна дека е потребна победа на мечот против Порто за потврда дека тимот е на добар пат.

„Сакаме да напредуваме секој натпревар. Против Порто да потврдиме дека победата со Флензбург не беше случајна. Португалскиот тим е многу квалитетен и игра добро независно дали гостува или е на свој терен. Многу се незгодни со тактиката 7 на 6. Ние можеме уште подобро. Ќе покажеме дека сме на добар пат. Излегуваме со ладни глави и цел да играме уште подобро од мечот со Флензбург. Знаеме дека ќе биде тешко, нема лесен противник во Лигата на шампионите, но многу ни е важно да победиме“, истакна Дибиров.

Натпреварот Вардар – Порто се игра утревечер со почеток во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…