Пред натпреварот во сабота денес на прес конференција во СЦ „Јане Сандаски“ присуствуваа тренерот Давид Писонеро и Тимур Дибиров.
За Писонеро секако ова е важен натпревар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во сабота не чека важен натпревар. За нас ова е досега е натпревар во сезоната. Играме против тежок противник. Тие се многу подобри од натпреварот на „Супер Глоуб“ турнирот. Искрено јас во овие моменти се чуствувам како Македонец“, изјави Писонеро.
Дибиров порача дека Вардар е спремен и го чека Кил да покаже што може.
„Среќен сум што ќе играме со тим каков што е Кил. Кога играме против послаб тим можеме да потфрлиме поради мотивацијата, но кога доаѓа тим како Кил среќни сме, Кил ќе сака да го победи Вардар во Скопје. Ние сме спремни, Кил не покаже кој е и што е. Ова ќе биде натпревар за уживање за сите“, изјави Дибиров.