Дома Македонски спорт Мак ракомет Дибиров: И ние и Загреб знаеме колку се важни бодовите, очекувам голема борба

Дибиров: И ние и Загреб знаеме колку се важни бодовите, очекувам голема борба

Вардар в среда го очекува натпревар против Загреб во Лигата на шампионите.

Натпреварот е и тоа како важен затоа што Загреб на табелата во групата има само еден бод повеќе од македонскиот тим. Тимур Дибиров очекува поддршка од навивачите и верува дека екипата ќе се држи до договорениот план со тренерот Дејвис.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Очекуваме голема поддршка во салата, за нас ова е важен натпревар. Би кажал дека сме во добра серија, играме подобро од претходно. Имаме тежок распоред со патувања, со натпревари. Верувам дека ќе бидеме сконцентрирани на натпреварот и ќе се држиме до догворениот план. Ако испочитуваме се што се договоривме мислам дека ќе биде добро“.

„Загреб е една добра екипа и добиваат голем респект од нас, играат во добра форма. Но, се надевам на поволен резултат за нас. Знаеме дека ќе биде тешко, меѓутоа ние ќе дадеме се од себе и тоа е најважно. И ние и Загреб знаеме колку се важни овие бодови, затоа очекуваме голема борба. Меѓутоа кога сакаш да поминеш во следната фаза мораш да го победиш главниот ривал“, изјави Дибиров.

Натпреварот се игра в среда во 20:45 часот.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…