Пауло Дибала може да ја напушти Рома на лето и да се пресели во Манчестер Јунајтед и тоа за „смешна“ сума.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во договорот на Дибала има откупна клаузула, ако Рома не игра во Лигата на шампиони, Аргентинецот ќе може да си замине за само 12 милиони евра.
29-годишниот Дибала ова лето пристигна во Рома без обештетување и е најдобар поединец во тимот.
Оваа сезона „Волчицата“ не игра во Лигата на шампиони и ако не обезбеди пласман за следната сезона, Дибала ќе сака да ја промени средината.
Ситуацијата будно ја следи Манчестер Јунајтед кој покажува голем интерес за Аргентинецот.