Дома Топ вести Дибала понуден на сите големи клубови од Премиер лигата

Дибала понуден на сите големи клубови од Премиер лигата

Пауло Дибала не е задоволен од својот статус во Јувентус и веќе сериозно размислува за промена на средината.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ПСЖ е сериозно заинтересиран за 27-годишниот Аргентинец, но самиот фудбалер сонува да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.

Италијанските медиуми пренесуваат дека агентите на Дибала веќе работат на трансфер и го понудиле Аргентинецот на сите Топ 6 клуба од Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Челзи, Тотенхем, Сити и Арсенал веќе биле информирани дека можат да го донесат Дибала следното лето.

Аргентинецот на лето ќе влезе во последната година од договорот со Јувентус, па „старата дама“ нема да може да бара повеќе од 40 милиони евра за неговата слобода.

Во 2019 година Дибала беше блиску до трансфер во Премиер лигата, но тогаш ги одби понудите од Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…