Паоло Дибала е една од најголемите ѕвезди во селекцијата на Аргентина, но тоа не му помага премногу бидејќи Сампаоли се уште не му верува доволно.
Сампаоли во натпреварот против Исланд кој заврши без победник 1:1 на клупата го остави тандемот од Јувентус, Гонзало Игуаин и Паоло Дибала. Игуаин доби шанса од клупата за резерви во финишот, додека Дибала целиот натпревар го проследи од клупата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Судејќи според најверојатно ќе биде резерва и против Хрватска. Сепак, за разлика од Никола Калиниќ кој одби да влезе во игра во последните пет минути, офанзивецот на Јувентус е смирен и посветен на националниот тим.
„Оптимист сум, се уште не сум стигнал до првите 11, но работам напорно на секој тренинг исто како да сум стартер. Секогаш размислувам за можен настап, така и се припремам. На крајот одлуката е на селекторот и каква и да е ќе ја почитувам. Најважно е Аргентина да направи добар резултат“, порача Дибала.
Аргентина против Хрватска ќе игра во четврток и доколку не победи ќе се најде во сериозни проблеми пред последното коло.